сабота , 21 октомври 2017
ambul

Шуто оризари по десет години ќе добие гинеколог

Амбулантата во Шуто Оризари од следната недела ќе добие гинеколог, со што се решава долгогодишниот проблем од речиси десет години и се обезбедува континуирана гинеколошка здравствена заштита за жените од оваа општина.

Во амбулантата во Шуто Оризари ќе работи д-р Вјолце Мбиара. Според Министерството за здравство, се работи за специјалист гинеколог со долгогодишно работно искуство, која има работено во американска болница во Албанија.

Инаку, невладини организации константно укажуваат на низа проблеми со кои секојдневно се соочуваат жените Ромки. Долго време се протестираше и чекаше на гинеколог во Шуто Оризари. Голем број од локалните жени за првпат со гинеколог се сретнуваат кога ќе дојде време за породување, а неретко се случува од болница да бидат вратени затоа што немаат здравствени легитимации, иако се итни случаи.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.