вторник , 25 јули 2017
1 deca(1)

Шведска студија: Раѓањето деца е најдеструктивна работа што и ја правите на планетата

Емисијата на штетни гасови е далеку помала ако се одлучиме да немаме деца. Избегнувајте патување со авион, возетете се со автомобил, јадете помалку месо и имајте помало семејство, тоа се вели во заклучоци од нова студија.

Рециклирање, перење алишта на 30 степени и штедење енергија се најдобри начини да и помогнеме на природата.

Истражувачи од Универзитетот Лунд во Шведска препорачуваат дека раѓањето деца е „најдеструктивна работа што може да и ја направите на околината“.

На тој начн би се намалила емисијата на штетни гасови по лице за дури 58,6 тони карбон диоксид секоја година, наведуваат од универзитетот.

Тимот наведува дека постојат четири избори кои луѓето може да направат за да се намалат штетните гасови – помалку месо, автомобили место авиони.

– Има толку многу фактори кои влијаат врз климата поради нашите лични избори. Покрај тие три акции тука е и онаа што се однесува на – помало семејство, вели Сет Вајнс автор на студијата.

Вајнс смета дека на тој начин најбрзо ќе се намали емисијата на штетни гасови.

– Убедувајќи американско семејство да има едно дете помалку би обезбедило подеднакво помало ниво на штетни гасови како кога би убедиле 684 тинејџери да рециклираат до крајот на животот, тврди тој.

Слични написи

Germany

Речиси половина од невработените во Германија се странци

Речиси половина од невработените во Германија се граѓани со т.н. миграциска заднина, а повеќе од …