четврток , 29 јуни 2017
izjavamargot

Шведска застанува зад Талат Џафери, бара итно формирање нова влада и казна за насилниците

Шведската влада преку изјава на министерката за надворешни работи, Маргот Валстром бара итно формирање на нова влада од парламентарното мнозинство и казнување на сите насилници кои физички ги нападнаа пратениците и медиумските работници.

izjavamargot

– Новоизбраниот претседател на Парламентот во Македонија мора да се почитува. Претседателот беше избран од страна на парламентарното мнозинство и јас со нетрпение очекувам да соработувам со него. Шведска силно ги осудува шокантните акти на насилство кои следеа по неговиот избор во четвртокот. Ова е целосно неприфатливо за една демократија и одговорните лица треба да бидат изведени пред лицето на правдата, стои во официјалната изјава на министерката за надворешни работи Маргот Валстром, поставена на сајтот на шведската влада.

Следниот чекор сега е да се формира нова влада што е можно побрзо во Македонија, каде предвремени парламентарни избори се одржаа кон средината на декември.

Вратата на ЕУ е отворена за сите земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија. Потребни се итни реформи во земјата и не треба да има пречки за мнозинство во парламентот да формира нова влада, пишува во изјавата на Валстром.

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …