недела , 24 септември 2017
svedski-kral-kralica-540x320

Шведски пратеници бараат една од најстраите монархии во Европа да стане република

svedski-kral-kralica-540x320Новие известија – Москва

Во парламентот во Шведска влезе предлог закон наречен историски од локалните медиуми. Група пратеници – и од мнозинството и од опозицијата предлагаат да биде „ликвидирана“ монархијата во земјата.

Иницијатор на мирната револуција е Јасмин Ларшон, пратеничка од владејачката социјалдемократска партија и истовремено и претседателка на Републиканското здружение во Шведска. Во него членуваат над 11 илјади лица. Уште околу 40 илјади граѓани во земјата практично ги поддржуваат целите на ова здружение.

– Во Шведска долги години се бориме за рамноправност и успеавме да создадеме општество во кое секој постигнува успех со лични квалитети, а не со провилегии или роднински врски. Но високите позиции – шефот на државата, исто така се предава по наследство во кругот на едно единствено семејство, стои во коминикето на пратениците „бунтовници“.

Обидот за парламентарен антимонархиски преврат беше кулминација на протестите против кралската власт кои започаа пред две години во врска со тогашниот јубилеј: се навршија 40 години откако на престолот се качи Карл Шеснаесети Густав. Минархистите се обидоа да го претворат јубилејот во израз на народната поддршка за расклатениот трон.

Програмата на прославата вклучуваше изложби во дворецот, приеми, говори, паради. Беше предвидена и народна веселба под наслов „Танци во замокот“ за време на кое дворот на стокхолмскиот кралски дворец беше претворен во џиновски денсинг за сите кои сакаа да присуствуваат. „Славете го кралот во името на демократијата“, пишуваше во уводната статија за јубилејот конзервативниот весник Свенска дагбладет, не пропуштајќи да ја повтори мантрата на монархистите за „симболот на националното единство“ сплотувајќи ја Шведска во тој нестабилен свет.

Но јубилејот не стана олицетворение на неразвиената врска помеѓу монарх и народот. Републианското здружение организираше алтернативни танци на Народниот плоштад во Стокхолм под лозунгот „Чествувај ја демократијата, ане кралот“, Тежината на „шлаканицата“ која му ја удрија републиканците на шефот на државата беше потцртана од неколку водечки политичари во земјата.

Лидерот на најголемата Социјалдемократска работничка партија во Шведска, денешниот премиер Стефан Ловен, и претседателот на сојузничката Лева партија, Јонас Шјустед, демонстративно одбија да присуствуваат на банкетот, организиран во чест на кралот. Кон „левиот бојкот“ се приклучи и водачот на популистичката партија Шведски демократи, Џими Окесон, директно распалувајќи озборувања во земјата. Монархијата всушност одамна беше „минирана“ со текстови вкоренети во програмите и на социјалдемократите, и на Левата партија (поранешната Комунистичка) кои предвидуваат таа институција да биде укината.

Монархијата во Шведска, како и во други европски држави, добива отпор само во традицијата и во популарноста на актулените шефови на држави меѓу населението. И Карл Шеснаесети Густав јавно има проблеми со последново. Како што посочува анкета на истражувачката група за социолошки испитувања (ФСИ) само до пред 15 години седумина од секои десет Швеѓани ја поддржувале монархијата. Но денес помалку од 50 отсто од луѓето сакаат нејзино задржување. Најгласни републиканци се младите, а најверни приврзаници на кралската власт – дамите над 50-годишна возраст. Но кралот не секогаш прави напори да ја разочара точно таа верна гарда: веќе неколку години тој нагло го губи имиџот, култувиран од дамските спсианија, за кои тој е семеен човек татко на семејството и образец за следење.

Најголем удар врз кралскиот имиџ му беше нанесен во 2010 година документарната книга „Монарх во неволја“ во која се раскажува за пијаните ситуации на Карл Шеснаесети Густав, за неговите љубовници и навиките да се движи меѓу сомнителни босови од криминалниот свет. Точно пред големата годишнина од неговиот престој на тронот една од кралските љубовници – Камила Хенемарк, поранешна солистка на поп групата Арми оф лаверс, соопшти дека ќе објави мемоари насловени како „Збогум сладок живот“. Таа беше и хероина во поглавјето „Куртизанката“ од книгата „Монарх во неволја“.

Во интервју за весникот Дагенс лухетер, Хенемарко сподели дека решила да ја раскаже целата вистина за своите односи со кралот. За што тој не ги негирал гласините околу неа по излегувањето на книгата „Монарх во неволја“. Мемоарите „Збогум сладок живот“ се полни со пикантни деталји во кои се раскажува, на пример, како кралот добро напиен водел љубов во шик становите на своите пријатели, понекогаш и во нивно присуство. „Воспитан во традиците на старата школа тој одраснал со вербата дека еден крал може да си дозволи практично се“, заклучува во својата книга поранешната љубовница на Карл Шеснаесети Густав.

Но и покрај опаднатиот рејтинг на монархијата и на кралот, шведските набљудувачи во прогнозираат во коментари за антиројалистичката пратенички иницијатива дека тие засега нема да соберат мнозинство во парламентот. Ако кралската власт, макар и полтички биде отфрлена, тоа може да го расклати општеството кое денес е исправено пред далеку потешки проблеми – од алармантната економска ситуација до бранот на бегалци досега најголем во историјата на државата.

Но „револуциониерите“ свушност не се надеваат да добијат од првпат. Авторите на пратеничката иницијатива сметаат дека е најважно да се надминат дебатите за иднината на монархијата од весникарските страници во парламентот. Тоа би им дало можност на луѓето да се навикнат на мислата дека во најблиска иднина Шведска ќе стане република.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …