сабота , 23 септември 2017
simiami

“Si-miami”, нови чанти-ѕвезди на македонскиот паза

 

 Промовиран е нов интернационален бренд со потпис на две успешни деловни жени од Македонија. Станува збор за високо квалитетни модерни женски чанти и аксесоари од чиста кожа, со фокус на впечатлив дизајн.

“Si-miami” (Си – миами) е новиот интернационален бренд за висококвалитетни рачно изработени женски чанти од чиста кожа. Кожата е со потекло од европски земји, најголем дел од Италија, а производството е во Македонија.

 

Над 60 модели од линијата на модерни рачно изработени женски чанти и аксесоари на брендотSimiami, на промоцијата се сретнаа со својата прва публика на жени со стил и префинет вкус, со кои остварија топла, непосредна комуникација. Првите споделени впечатоци, недвојбено упатуваа на лесно воспоставена емотивна релација – љубов на прв поглед.

 Со исклучителна посветеност во процесот на рачно создавање, секоја "Si-miami" чанта претставува можност за експресија на стилот на современата, креативна, успешна и независна жена.

Со исклучителна посветеност во процесот на рачно создавање, секоја “Si-miami” чанта претставува можност за експресија на стилот на современата, креативна, успешна и независна жена.

Секој од експонатите пленеше со своја индивидуалност и оригиналност. Приказната на овој бренд е пред се приказна на вистинска љубов, енергија и посветеност, без компромиси по однос на квалитет.

Емотивната искрена порака е конзистентна – од креација, преку избор на вид кожа за надворешниот и внатршниот дел, патенти од врвен светски бренд, специјални конци, избор на детали, комплетна рачна изработа и финализација на производот, до неговото пакување.  Во целиот процес на создавање на секоја поединечна чанта очигледна е почитта кон современата жена, нејзините потреби, желби, критериуми, но и настојувањето да се придонесе за нејзината индивидуалност и самодоверба.

"Si-miami" чантите се наменети за жена со избалансиран живот водена од нескротиливата потреба за уникатност, практичност и висок квалитет.

“Si-miami” чантите се наменети за жена со избалансиран живот водена од нескротиливата потреба за уникатност, практичност и висок квалитет.

Создавачи на брендот Simiamiсе Светлана Петровска, (сопственик на најголемата консултанска куќа во Македонија -Таргет комуникации и предавач за маркетинг стратегија на Американ Колеџ) и Ирена Николовска ( Доктор на науки по образование и лидерство во Америка, предавач на Американ Колеџ за интернационален маркетинг). Брендот Simiamiи неговите производи се продукт пред се на нивната потреба за артикулација на личната креативна енергија и едновременото препознавање на мигот за создавање во неговиот зенит. Обете со богати деловни искуства, едната во Македонија, другата во Америка.

Светлана Петровска и Ирена Николовска

Светлана Петровска и Ирена Николовска

„Иако се знаеме само 10 месеци, нас не поврза енергијата и заедничката желба да создадеме чанти кои ќе ја прават секоја жена да се чувствува сакано и уникатно. Секоја чанта ја отсликува нашата заедничка енергија и посветеност кон  Simiami. Нашиот бренд е плод на емоција, љубов и потребата од индивидуалност.” Сподели на вчерашната средба Ирена Николовска, која додададе дека со брендот Simiamiсе обрнува внимание на љубовта меѓу жената и нејзината чанта.

Светлана Петровска која во претходните дваесет години, во Македонија создаде повеќе брендови и продукти кои ги надминаа рамките на локални вреднувања, додаде: “Енергијата на Ирена за мене беше извонредно испиративна, таа е реално поттикнувачот на ова јавно опредметување на едно од моите хобија. Имено на секоја жена која е под континуирано оптоварување од предизвиците на современото делување и живеење, потребно и е хоби за релаксација на мислата и надополнување со енергија. Вистинската емоција со која за себе и блиските создавав оригинални чанти, е истата која сега ја умножувам и споделувам, но сега е надградена со професионален сериозен и темелен пристап на веќе цел еден тим”.

1a-9

“МИАМИ” е дел од името на брендот кој ги носи нивните иницијали СИ. Нивната верба дека меѓу жената и нејзината чанта има вистинска емоција е потврдена токму низ овој дел од името на брендот.  MI AMI –  на латински значи МЕ САКАШ.  Латинсиот јазик е и во имињата на поединечните модели, а и во слоганот “FEMINA FORTEM”  – СИЛНИ ЖЕНИ. Брендот е очигледно наменет за жени кои се чувствуваат силни и кои сакаат да се чувствуваат силни. Чето за жената да се чувствува силно е доволна само чанта која ја носи достоинствено, ташна која ја сака, затоа што во својата внатрешност ја чува нејзината приватност, а со надворешниот изглед ја штити нејзината посебност.

1a-8

Моделите на “Si-miamiна својата прво појавување се презентираа во полн сјај, а присутните покрај честитките упатени кон Светлана и Ирена, јасно говореа дека се горди што во Македонија се создава високо квалитетен бренд на женски чанти кој може да се носи со светски потврдени брендови. Најчестите коментари беа дека жените се чувствуваат како да се во Италија на промоција на италијански бренд за женски чанти, а тоа го потврдија и дел од гостинките од дипломатскиот кор меѓу кои и државјанки на Италија. Беше задоволство да се слушне дека меѓу изложените модели, жените брзо ја препознаваа својата посакувана чанта, или чантата која ги сака.

23

Веќе со нетрпение се очекува почетокот на продажбата на експонатиите кои на вечерната промоција,   винскиот клуб Мулино го претворија во моден салон и побудија огромен интерес.

Продажбата како што најавија од тимот на  “Si-miami”, ќе се одвива по угледот на другите интернационални брендови, преку е-комерц, или со он лајн продажба преку веб страна http://www.si- miami.com

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …