недела , 20 август 2017
nafta

Силниот долар ја стабилизираше цената на нафтата

Силниот долар ги запре цените на нафтата на меѓународните берзи, придушувајќи го оптимизмот во врска со намаленото снабдување што го спроведуваат водечките производители, вклучително и ОПЕК.

На лондонскиот пазар цената на барел падна 35 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 56,83 УСД.

За речиси ист износ намалена е и цената на американскиот пазар, лизнувајќи се на 53,96 УСД.

Нафтените пазари ја црпат поддршката од договореното намалување на производството за 1,8 милиони барели дневно.

Слични написи

timthumb (31)

Уапсен бизнисменот Бенџамин Штајнмец

Милијардерот Бенџамин Штајнмец, кој е сопственик на низа компании во земји на Балканот, меѓу кои …