вторник , 26 септември 2017
904744_571963476176748_1883954920_o

Синадиновски бара правна разрешница на скандалот со болницата “Шендети” во Тетово

904744_571963476176748_1883954920_o
Скандалот со болницата “Шендети”(здравје) во Тетово веќе еден месец ја окупура и бранува целокупната граѓанска јавност во Република Македонија. Од обелоденувањето на бројни досега непознати работи во врска со овој скандал пред се од страна на нејзиниот сопственик и инвеститор Др. Адил Мустафа, разбравме дека неработењето на овој значаен здравствен објект во Тетово е повеќе од 10 години, во кој сопственикот и неговите домашни и странски бизнис партнери вложиле повеќе од 10 милиони евра е резултат на матните и корупнивните игри на одредени недемократски политички и бизнис кругови во Република Македонија. Со обструирањето на работењето на болницата “Шендети” во Тетово, не само што му се нанесе огромна материјална штета на нејзиниот сопственик, туку се повредени и бројни уставни и законски одредби.

Пред се, тоа е правото на работа како едно од основните права на уставниот систем, кое претставува битна гаранција на економската и социјалната сигурност на граѓаните како и уставно загарантираното право на здравствена заштита на граѓаните. Со обструирањето на работата на болницата “Шендети” е зададен тежок удар врз неколку основни принципи на економските односи во заедничката мултикултурна држава.Тоа е, пред се слободата на пазарот и предприемништвото кое претставува основен принцип на економските односи во републиката.Како еден од темелните вредности на нашиот уставен поредок државата е должна да обезбеди еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот и посебно да превзема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот од страна на поедини субјекти.

bolnica shendeti

Во случајот со болницата “Шендетиi”, меѓутоа, грубо се прекршени сите уставни одредби, така што повеќе од 10 години за оваа болница не важеле претходно наведените уставни одредби, и државата (владата) не превземала никакви поединечни мерки против монополската положба на одредени економски субјекти кои не бирале средства и начини да го спречат отпочнувањето на работењето на болницата “Шендети”. Со наведениот сегашен stasus-quo на оваа болница, која не работи повеќе од 10 години, грубо е повредена и уставната одредба за поттикнување на економскиот напредок и државната грижа за порамномерен просторен и регионален развој како и за побрз економски развој на недоволно развиените подрачја како што е Тетово и цела западна Македонија. Со наведениот скандал најтежок удар е зададен на владината политика за отворено пазарно стопанство кон странските инвеститори и привлекувањето на нивните инвестиции во Република Македонија, и посебно на патот за забрзување на евро-атлантските процеси на државата, на кои и се туѓи сите видови на монополи на пазарот – корупција, рекетарството и други негативни појави.

На примерот на болницата “Шендети” сите недемократски и ретроградни сили на двете доминантни заедници во државата (македонската и албанската), конечно мора да се свати дека економската и политичката стабилност на Р.М. се причинско-последично поврзани со стабилноста на меѓуетничките односи. Тие се темелот на стабилноста и иднината на Р.М. Не е потребна голема мудрост тоа да се свари и разбере. За тоа кај нас и во светот постојат бројни примери.

Бидејќи судбината и иднината на Р.М. зависи само од нејзините граѓани, нивно право и должност е да бараат од државните органи да покренат безпошдетедна борба против сите видови на монополи на пазарот, корупциjaта, рекетарството и другите негативни појави, а во конкретниот случај со болницата “Шендети” да и превземат сите законски мерки за откривање на сите физички и правни субјекти кои билe замешани во овој скандал, успевајќи повеќе од 10 години на незаконски начин да го спречат отварањето на оваа болница, прва од ваков вид во западна Македонија и за тоа да одговараат.

Заедницата на православнитe албанци вo Р.М. на таквата државна борба против наведените негативни појави и пред сеe, на упорната, храбра и демократска борба на Др. Адил Мустафа, кој јавно проговори за сите наведени негативности и дава целосна поддршка за што побрзо отварање на вратите на болницата “Шендети” во чија изградба Др.Адил Мустафа вложи не само големи средства туку и голема енергија. Дали тоа некому му се допаѓа или не, оваа болница многу бргу ќе почне со работа да ги нуди и да ги дава своите здравствени услуги, не само на тетовчани туку и на сите граѓани на Р.М. и пошироко.Тоа е во  интерес на Р.М., бидејќи таа само така може да чекори не декларативно туку стварно што побрзо напред кон евро-атланските интеграции.

Проф.Др.Бранислав Синадиновски

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …