четврток , 19 октомври 2017
653569_hamza-bin-laden-profimedia0093354724_ff-470x320

Синот на Бин Ладен: Напаѓајте ги САД и сојузниците

653569_hamza-bin-laden-profimedia0093354724_ff-470x320Еден од синовите на Осама бин Ладен повика на терористички напади во САД и нејзините сојузници во аудио снимка која ја објави Ал Каида, соопшти американската група SITE која ги следи активностите на џихадистите на интернет.

Хамза бин Ладен, кого го нарекуваат Принц на теророт и за кој се претпоставува дека има 23 или 24 години, ги повика приврзаниците нападите од Кабул, Газа и Багдад да ги пренасочат на Ваѓингтон, Лондон, Париз и Тел Авив, пишува Дејли Мејл.

-Со Хамза, Ал Каида се надева дека ќе ја обнови популарноста, оживувањето на бреднот Ал Каида е еднакво на бин Ладен, рече директорката на SITE, Рита Кац.
Се верува дека пораката е снимена пред јуни оваа година, но дури сега се објавува.

Пораката доаѓа во моментот кога приматот на Ал Каида е загрозен од екстремистичката група Исламска држава.

Осама бин Ладен беше убиен во 2011 година во Пакистан, во акција на американските специјалци, а по неговата смрт беа објавени над десетина писма кои биле упатени од неговото семејство и истакнати членови на Ал Каида.

Разузнавачите наведуваат дека некои од тие писма откриваат дека Осама бин Ладен го обучувал својот син да ја превземе терористичката мрежа која стои зад нападите на САД од 11 септември 2011 година.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …