вторник , 24 октомври 2017
sesel

Синот на Шешељ ќе биде нов пратеник во српскиот парламент

Александар Шешељ, син на лидерот на Српската радикална странка, Воислав Шешељ, следната недела ќе стане пратеник на оваа партија во српскиот парламент, пишуваат српските медиуми.

Синот на Шешељ ќе го замени Милован Боиќ, кој си поднесе остава во парламентот.

„Веднаш зад Боиќ на пратеничката листа е Александар Шешељ. Боиќ планира да се посвети на приватниот бизнис, а Војислав сака Александар да го воведе во политиката за подоцна да го наследи на позицијата лидер на партијата. Инаку, Александар поголем дел од времето минувал со Боиќ, кој го подготвувал за сериозен политички ангажман“, тврди близок извор до СРС.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …