понеделник , 25 септември 2017
sirijapukanj-540x320

Сириските демократски сили во офанзива против ИД

sirijapukanj-540x320Коалицијата на курдски милиции ја презеде првата операција против џихадистичката група Исламска држава во северниот дел на Сирија.

Сириските демократски сили формирани се во средината на октомври, како сојуз на силни единици на Курдската народна заштита и други сириски бунтовнички групи.

– Ова е прв чекор на Сириските демократски сили, изјави портпаролот на бунтовничката група Буркан ал Фурат Араб, Шерфан Дервиш.

Тој истакна дека операцијата почнала синоќа, а цели се позициите на ИД во североисточната покраина Хасака.

Дервиш посочи дека операцијата може да добие поддршка и од воздух од коалициијата предводена од САД.

Операцијата на Сириските демократски сили уследи откако САД најавија дека ќе испратат помалку од 50 специјалци во северна Сирија.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …