вторник , 26 септември 2017
sise

Сисе уапсен затоа што го уценувал Валбуена

sise
Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Џибрил Сисе е уапсен под обвинение дека учествувал во уцена кон играчот на Лион Матје Валбуена со видео снимки со сексуални содржини.

Како што пренесуваат светските медиуми покрај Сисе уапсени се уште три лица.

Сисе беше обвинет дека бил инволвиран во обид да изнуди пари од Валбуена за што му се заканува казна од пет години затвор.

34-годишниот Сисе во моментов е без ангажман.

Поранешниот најдобар стрелец на Ливерпул играше за Франција на 41 натпревари и постигна девет гола.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …