недела , 22 октомври 2017
sjo-press

СЈО може да отвори уште предмети пред избори

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која денес присуствуваше на научна дебата на Правниот факултет во Скопје, не ја отфрли можноста пред избори да покрене и други предмети кои произлегуваат од нелегално прислушуваните материјали.

На новинарско прашање дали може да се очекуваат нови предмети или обвиненија пред закажаните предвремени парламентарни избори во декемри, таа се насмеа и кимна со главата.

Досега, СЈО поднесе две обвиненија, едното за вработените во УБК, а второто против поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески кои се товарат за поттикнување на насилство во протестите во Oпштина Центар пред неколку години. Освен нив, уште три други лица се обвинети за истото дело, а девет лица се товарат дека се извршители на насилство.

Овие случаи се работат по скратена постапка и за овие дела е предвидена парична казна или казна затвор од најмногу пет години.

СЈО работи на следниве предмети кои ги објави и во јавноста, „Тортура“, „Титаник“, „Транспортер“, „ТНТ“, „Тврдина“, „Трезор“, „Топлик“ и „Тендери“.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …