понеделник , 23 октомври 2017
politsija

Скопјанец и прилепчанец осомничени за продажба на дрога во Охрид

politsijaОхридската полиција поднела кривична пријава против две лица, од Скопје и од Прилеп, осомничени дека препродавале дрога на локални наркозависници и на туристи, информираат од полицијата.

Според пријавата, осомничените Г.С. (30) од Прилеп и Ф.Ј. (21) од Скопје, се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Судија на претходна постапка на осомничените им одредил мерка притвор од 30 дена.

Според полицијата, првоосомничениот Г.С. пред околу една недела набавил поголемо количество таблети екстази, амфетамин и хашиш, кои потоа ги препакувал во мали количества „за продажба на наркоуживатели од подрачјето на Охрид, но и на други лица – туристи, особено посетители на техно-забави кои се одржуваат во Охрид“.

Во неделата, при претрес на соба во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид, што ја користел Ф.Ј., била најдена кеса со околу 50 таблети екстази, со лого „мерцедес“, едно најлонско пакување со бела прашкаста материја ставена во целофан и други предмети.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …