недела , 22 октомври 2017
semejno-nasilstvo-1

Скопјанец претепал 76-годишна баба и нејзината внука

Во Единица за информации и команда – Скопје вчера во 10 часот Т.Е. (27) од Скопје пријавила дека С.В. физички ја малтретирал неа и нејзината баба Д.В. (76) од Скопје.

Поради претходна расправија за нерасчистени имотно-правни односи, С.В. ги удирал со тупаници во пределот на лицето. Во полициска станица Гази Баба со него бил извршен разговор и бил констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …