среда , 18 октомври 2017
policijapolice-597x320

Скопје: Киднапирал дете од прифатен центар за бездомни лица и го терал да проси

Шеесетгодишен скопјанец киднапирал 11-годишно дете од Прифатниот центар за бездомни лица „Чичино Село“ во Сарај. Навечер киднаперот го држел детето затворено во темна просторија, а преку ден го терал да проси.

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ќ.К. (60) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“.

„Пријавениот грабнал 11-годишно дете, кое престојувало во Прифатен центар за бездомни лица ‘Чичино Село’  во село Сарај, по што го однел во својот дом каде што навечер го чувал заклучен, а преку ден го принудувал да проси. На 25 минатиот месец детето било пресретнато со возило во кое, освен пријавениот, биле уште две непознати лица. Се обиделе да го намамат со тоа што му кажале дека неговиот татко е во возилото, но детето одбило да влезе во возилото. Во тој момент едно од непознатите лица излегло од возилото и насилно го внело детето.  Потоа, со употреба на сила, го однеле во домот на пријавениот и го сместиле во просторија без прозорци, осветлување и мебел и го држеле заклучено. Воедно, му се заканиле дека врз него ќе употребат физичка сила доколку не биде мирно“, соопшти МВР.

Следните денови пријавениот го носел детето во близина на стоковната куќа „26 Јули“ и го принудувал да проси. Цело време тој бил во негова близина и му ги земал собраните пари од просењето.

На 29 минатиот месец пријавениот го принудил детето да проси пред трговски центар „Веро“ на булевар Кузман Јосифовски Питу. Околу 13.45 часот неговиот татко го забележал детето, а пријавениот избегал.

Полицијата го пронашла грабнувачот и одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.