сабота , 21 октомври 2017
gvantanamo

Словачка негира дека малтретирала затвореници од Гвантанамо

gvantanamoСловачката полиција вршела тортура врз поранешен затвореник, кој таа го примила во земјата од американскиот затвор во Гвантанамо, објави арапската телевизија „Ал џезира“.

Како што јави дописникот на МИА, претставници на полицијата на Словачка негираат насилство против државјанинот на Тунис кој е наведен како Хашам бин Али бин Амор Слити и најавуваат дека случајот ќе го испитува инспекција во рамки на Министерството за внатрешни работи по тужба на затвореникот.

– Словачката полиција го уапси Слити, го нападна и го мачеше откако насилно влезе во неговиот дом без наведена причина, го пренесува словачкиот неделник ,,Плус 7 дена” тврдењето на телевизијата, која објави и видео од полициската интервенција.

Словачкиот висок полициски службеник Тибор Гашпар изјави дека во полициската акција не дошло до насилство и не биле употребени присилни средства.

– Одбивам било какви информации за употреба на тортура. Човекот одбиваше да комуницира и постоеше сомнение дека со него нешто не е во ред, рече Гашпар.

Безбедностниот аналитичар Јурај Забојник ја критикуваше полицијата поради неспречување на снимањето на целата акција и објавувањето на видеото, сметајќи дека емитувањето е со цел да се загрози Словачка и да се претстави како несигурна земја.

Тунижанецот во неговата земја и во Белгија бил осуден за учество во терористичка мрежа.

Од 2010 година, Словачка прифати осум ослободени затвореници од Гвантанамо.

Министерството за внатрешни работи во ноември минатата година, по преземањето на двајца поранешни затвореници, меѓу кои и Слити, тврдеше дека ослободувањето не претставува безбедносен ризик, бидејќи тие никогаш не биле обвинети за тероризам.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …