недела , 24 септември 2017
132852897-540x320

Словачката Влада обезбедува бесплатен одмор за сиромашните

132852897-540x320Стотици социјално загрозени семејства во Словачка ќе имаат можност да одат на бесплатен одмор во рекреативните објекти, кои се во сопственост на државата, јави дописникот на МИА од Прага.

Според најавите, државата ќе ги надоместува трошоците за полн пансион за родителите и нивните деца во шест рекреативни објекти во сопственост на Министерствата за внатрешни работи и за одбрана, кои долго време не биле користени.

Објектите се наоѓаат во атрактивни локалитети во словачките бањи и планински места.

– Се работи за рекреативни патувања за сиромашните семејства од 4 до 7 дена. За овие потреби се резервирани вкупно 12.000 преноќувања во рекреативните објекти, изјави за словачките медиуми, портпаролката на Министерството за внатрешни работи Андреа Добиашова.

Услов за доделување на бесплатната рекреација е семеен приход што не ја надминува вредноста на 1.5 минимална плата, односно приход не поголем од 640 евра по семејство.

Вториот услов, е децата да одат редовно на училиште и да немаат неоправдани отсуства.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …