вторник , 26 септември 2017
1328546121-540x320

Словенија и даде на армијата поголеми надлежности поради бегалската криза

1328546121-540x320Словенечкиот Парламент рано изутринава усвои закон, со кој на армијата и се даваат поголеми надлежности за помош на полицијата, која ја обезбедува државната граница, во услови кога илјадници мигранти доаѓаат во Словенија од Хрватска поради затворањето на границите на Унгарија.

Новото законодавство ќе им дозволи на војниците да ја контролираат границата на местата, на кои нема полициско присуство.

Армијата почна да и помага на граничната полиција уште во понеделникот, но само на места, каде е распоредена граничната полиција.

Над 20 илјади мигранти пристигнаа во Словенија од саботата. Државата со население од два милиони лица планира да побара подоцна денеска од Европската унија полициска поддршка и финансиска помош за справување со бегалскиот бран.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …