понеделник , 23 октомври 2017
Senad Smajovic

Смајловиќ: Во Општина Бутел се формира Совет на млади без младинска дебата

Senad Smajovic
Пишува: Виктор Азманоски

На последната седница на Совет на Општина Бутел како точка на дневен ред беше “Формирање на младински совет”.

Иако советничката група на коалицијата предводна од СДСМ предложи да се повикаат сите невладини организации кои што делуваат на Општина Бутел и политичките партии тоа не беше направено.

Сенад Смајловиќ, советник од редовите на СДСМ праша како ќе се формира Совет на млади без младите да кажат за своите проблеми?

“Очекував оваа точка да биде одложена за наредната седница на Општината но тоа не се случи. Се работи за една многу битна тема, Младински совет каде што треба да се дебатира и да се аргументираат проблемите на младите во Општина Бутел. Се гледа дека општината не е заинтересирана за младите и нивните проблеми. Во општината немаме никаков културно забавен живот, и ние како млади луѓе тоа го осеќаме најмногу. Предложив да се зголеми бројот на членови на Советот на млади, да се поканат сите претставници на политички подмлаоци и невладини организации кои функционираат на територијата на Општина Бутел и така заеднички да го направиме тој совет на млади ако не интересираат проблемите на младите во општината. Само на тој начин можеме да ги решиме проблемите на младите.”

На неговата дискусија, секретарот на општината му реплицираше на Смајловиќ со тоа што, на официјалната веб страница на Општина Бутел согласно одлуката која што била донесена во месец декември бил објавен јавен повик на кој што сите заинтересирани можеле да аплицираат за членови на Младинскиот совет. Во периодот од 13 до 17 јуни имало пристигнато осум кандидатури, од кои комисијата избрала пет. На веб страницата на Општина Бутел, младите можат да се информираат за разни настани, случувања.

Со ваквиот начин на функционирање на овој Совет проблемите на младите остануваат, а Советот се девалвира. Се гласаат точки без претходна расправа, едноставно се носат одлуки кои што претставуваат само проформа, Младински совет, ДА колку да го има да постои, а дали ќе направи нешто за подобрување на животот на младите, решавање на проблемите на младите одговорот сигурно би бил НЕ. Новите технолоии многу брзо и лесно можат да одговорат колку младите ја посетуваат веб страната на општината, колку се информираат од таа, едноставно колку е интересна за читање од нас. Навистина е смешно се формира младински совет без младинска дебата. Во други општини гледаме како Младинските совети се многу пофункционални од општинските совети. Во општини кои што се мултиетнички и општини кои што имаат рурален сегмент често пати УСАИД финансира проекти за младите. Кај нас во Бутел тоа е мисловна именка, додаде Смајловиќ.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …