понеделник , 21 август 2017
smk

СМК бара демарш до Брисел и до Софија за преименувањето на Македонците во Албанија

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) денеска најостро го осуди извештајот за напредокот на Албанија за членство во Европската Унија, усвоен од Европскиот Парламент во кој, по предлог на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, Македонците во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора „се потврдуваат како Бугари“ и препорачува тие да бидат вклучени во законодавството на Албанија.

„Повторуваме дека во Албанија и во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора нема Бугари.Таму живеат само Македонци. Македонците во Албанија не се Бугари! Софија продолжува со политиката на антимакедонизам, како официјална политика за негирање на македонскиот народ по сите основи и за влошување на добрососедските односи со Македонија. Од македонската Влада бараме да испрати остар демарш до Брисел и Софија за нотификацијата на лажна бугарска историја во европските службени документи и за преименувањето на Македонците во Албанија за Бугари“, стои во реакцијата.

СМК истакнува дека со извештајот се прави груба повреда на меѓународното право, на Универзалната декларација за човековите права и слободи и Повелбата на Обединетите Нации за геноцид врз македонскиот народ и злосторство против човештвото.

„СМК апелира до Брисел да преземе активни мерки против денационализаторската политика што веќе неколку години организирано ја води Софија со незаконско издавање на бугарски државјанства на Македонците во Албанија и во Македонија, со услов писмена декларација за „бугарско потекло. СМК упати и апел до сите Македонци да се откажат од бугарскиот пасош поради ризик од декларација за „бугарско потекло“ со импликации кои се неизбежни, а неприфатливи за идентитетската основа и за македонската нација и држава во целина!“, стои во соопштението.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …