сабота , 23 септември 2017
bohuslav-Sobotka-N-600x320

Соботка: Чешка сака да знае што се случи со парите за Грција

bohuslav-Sobotka-N-600x320Чешка сака да знае што се случи со парите што ги доби Грција за заштита на надворешните граници на Шенген зоната, најави чешкиот премиер Бохуслав Соботка.

Соботка пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања изрази сомнеж дека финансиите се добро искористени, јави дописникот на МИА од Прага.

– Она што можам да го ветам, е дека Чешка ќе се заинтересира за тоа што се случило со парите што им се дадени на земјите за заштита на надворешните граници на надворешниот Шенген простор, затоа што токму тие не биле употребени транспарентно и ефективно, рече Соботка на прашање кое се однесуваше особено за Грција.

Тој оцени дека одговорност за миграциската криза сноси минатиот и актуелниот состав на Европска комисија, кои според него не реагирале брзо и еластично.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …