вторник , 24 октомври 2017
sobranie

Собранието го донесе Законот за стечајни работници

Законот беше донесен едногласно со 82 гласа „за“. ВМРО-ДПМНЕ порача, ќе го поддржиме овој закон кој е во интерес на граѓаните.

Во Собранието изгласан Законот за стечајците погодени од приватизацијата на претпријатија во државна сопственост. Законот беше донесен едногласно со 82 гласа „за“. ВМРО-ДПМНЕ порача, ќе го поддржиме овој закон кој е во интерес на граѓаните.

Со законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата се овозможува околу 3.000 лица да добиваат месечен надомест од по 8.356 денари, односно 34 проценти од просечно исплатената месечна нето плата минатата година. Годишно за таа намена од Буџетот на АВРМ ќе бидат обезбедени 300.816.000 денари.

Невработените лица опфатени со законот треба да имаат најмалку 15 години стаж во претпријатија со доминантна сопственост на државата,  а таму работниот однос да им престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 30 јуни годинава.

На денот на стапување во сила на Законот да се возраст од најмалку 52 години, за жени, односно 55 години за мажи.

Лицата треба да имаат остварено право на паричен надомест по 1 јануари 1995 година, а по остварувањето на правото на паричен надомест да не биле вработени на неопределено време, односно работниот однос да не им престанал по нивна волја и вина.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …