вторник , 26 септември 2017
katicajaneva3-685x320

Собраниските комисии го одобрија буџетот на Јанева

katicajaneva3-685x320Собраниските комисии го прифатија предлог финансискиот план за работа на специјалното јавно обвинителство и одобрија буџет од еден милион евра за работа во последниот квартал од 2015 година. Со оваа одлука од државниот буџет ќе се релоцираат вкупно 63.420.428 денари кои ќе бидат наменети за непречено работење и автономно функционирање на ова Обвинителство.

Предлог одлуката е потпишана од министерот за финансии Зоран Ставревски, а средствата се релоцираат од ставката наменета за резерви. На денешната седница во Собрание оваа одлука ја прифатија собраниската комисија за финансирање и буџет, како и законодавно правната комисија.

Предлог одлуката беше проследена на понатамошна обработка. За неа ќе се произнесат пратениците на пленарна седница, по што одлуката се враќа на собраниските комисии, за потоа пратениците конечно да ја изгласаат.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …