недела , 24 септември 2017
IMG_20170520_003743

Софче Џорлева повторно со недолични коментари кон критичарите на братот Зоран Џорлев

Софче Џорлева, сестра на директорот на Ансамблот Танец, како и пред извесен период така и денес со недолични коментари одговара на критичарите на нејзиниот брат.

IMG_20170520_003743

Коментарот е оставен кај извесен Филип Петковски кој дава осврт на ПОЛИТИКА И КУЛТУРА: Случајот Танец. Директорот на НУ Танец под итно да го напушти работното место и да престане да ги узурпира статусот и репутацијата на ансамблот, како и да ја исповетува споствената управувачка идеологија на ансамблот со политички цели и лажни национални интереси.

Во име на новата ера која ни следи, се повикувам на слобода на говор и слобода на мислење, а моето мислење во овој случај е базирано на образование (како иден доктор по култоролошки науки) и искуство во професијата. Целта не ми е да навредам, меѓутоа да го изразам својот став и да направам една критичка анализа на ова институција, водена од Зоран Џорлев. Танец има потреба од нов генерален но и уметнички директор, по можност млади визионери со прикладно образование и искуство кое ќе го доближи ансамблот кон водечките културни институции во Европа и ќе се ориентира кон модернизам во комбинација со традиционалното и етното- по примерот на ансамблите Ладо, Коло, Слук и многу други. Танец неколку години се фокусира на локална политика и партиска идеологија, каде што партијата ја диктира управата, а од тука и програмата па и настапите на ансамблот. Вакви примери видовме преку пеење на митинзи на ВМРО, настапи на протести и прекумерениот број на домашни настапи со цел да се промовира македонското во Македонија (техника која се користи како пропаганда за потенцијално национално освестување на нацијата и народот). Во последните неколку години, Танец нема претставено оригинални проекти, замисли за концерт, нова уметничка визија, а ако историски погледнеме на работите, Танец настапува само локално и евентуално во комшилукот, додека светските концертни турнеи се наполно заборавени.

Уметничката програма се сведува на стереотипни програми каде што се презентираат кореографии кои се навидум исти и налик една на друга. Пеачкиот хор со години изведува компилации на традиционални песни- клише методот кој се користел во 90те, додека изворното пеење и стилови наполно се заборавија и не се изведуваат. Освен годишното издавање на CD, со веќе снимени староградски песни, новогодишен и годишен концерт и ужасните ревии на носии- Танец нема културна програма! ТАНЕЦ, ЗА ЖАЛ, НАЛИКУВА НА ДОБРО УИГРАНА ИГРАОРНА ГРУПА! Кривицата за овој податок треба да ја превземе раководството. Во Танец работат повеќе од 10 етнокореолози или студенти по етнокореологија чиј талент и знаење воопшто не се препознава. Во Танец работат феноменални музичари, талентирани играчи и пејачи кои ги немаме видено да дојдат до израз, додека се форсираат естрадни уметници од типот на Сузана Спасовска (исполнител на песната “моето маче пуси” и “џингарлака џикица” која е сега национален уметник на Македонија, заедно со Васка Илиева и Вања Лазарова- секако, по партиска одлука. Во Танец, (покрај огромниот број на административци) нема вработен етнокореолог кој ќе придонесува со знаење во проблематиката на традиционална игра, етномузиколог, но нема ни УМЕТНИЧКИ ДИРЕКТОР, така што, генералниот директор кој е виолинист си допушта да креира танцова и музикална програма.

За односот директор-вработени има многу да се каже, но од пофрапантните факти ќе издвојам дека членовите мораат да бидат ВМРО за да не бидат избркани од работа (или евентуално да не бидат користени во програмата). Од активностите издвојувам дека лајкнувањето на статуси на директорот и официјалната фб страна на ансамблот се рачуна како плус поени и можност за унапредување во работата, додека статуси и слободен говор и мислење (од овој тип) се забранети. Членовите на ансамблот не смеат да се појават на протести, штрајкови, митинзи поради страв од мобинг кој ќе биде извршен врз нив. Слободата на говор и уметничко изразување НЕ ПОСТОИ!

Со самово обраќање, се надевам дека ќе мотивирам поинаков однос и ќе окуражам многу. Знам дека ќе бидат забранети пријателски односи со мене и ќе биде наредено да ме избришат од фб (навикнат сум),а знам и дека многу не смеат и нема да најдат храброст да коментираат со мислење. По падот на режимот и тоталитаризмот во размислување, време е да има слобода на говор, слобода на изразување, уметноста да остане професија а приватниот живот, политичките идеали и човечката интима да останат основно човеково право. Ајде да се бориме за непартиска уметност, за интелект и прогрес, каде што вакви критки ќе се добредојдени и ќе придонесуваат кон развиток и прогрес.

До нареден пат ;)

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …