петок , 18 август 2017
sojuz na komori

Сојузот на комори преку политика на дигитализација до економска конкурентност

Дигитализацијата го менува начинот на кој компаниите денес се развиваат, ја зголемува продуктивноста и со тоа ја унапредува нивната конкурентност на глобалниот пазар. Таа претставува основна алатка за раст и развој, како за самата компанија, така и за економијата во целина, беше истакнато на денешната пресконференција на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Претседателот на ИКТ комората, Саша Огненовски, рече дека во оваа компјутерска ера, нужно е компаниите да ги следат светските технолошки трендови.

Воведувањето на компјутерски системи и изнаоѓање на софтверски решенија во компаниите е неопходно во насока на нивна промоција, зголемување на ефективноста и ефикасноста на работењето кое понатаму ќе доведе до поголема конкурентност. Следење на современите трендови е неопходно за сите компании почнувајќи од микро, мали па се до големи коорпорации. Компаниите не треба да се двоумат при имплемнтација на одредени софтверски решенија, бидејќи со правилна инвестиција нивниот развој ќе оди во нагорна линија. Најголема шанса да опстанат после четвртата индустриска револуција имаат оние кои што поскоро ќе влезат во процесот на дигитализација. Како што  одредени занаети од минатиот век веќе се исчезнати, така и компаниите во денешно време кои нема да го следат технолошкиот напредок ризикуваат да не останат на  пазарот. Се работи за временски циклус, но динамиката на промени денес, е значително поголема “, изјави Огненовски.

ИТ секторот е постојано во движење, новините се константни и нивната примена е голема.

ИКТ комората преку стратегија изгради политики за што побргу вклучување на компаниите во процесот на дигитализација. Компаниите ќе ги поттикнеме да се информираат во кој сегмент да се усовршат да ги имаат потребните информации согласно нивната дејности да бидат во чекор со најновите и неопходни трендови во ерата на дигитализација. Она што е најактуелно е се поголемата потреба накомпаниите за користење на cloud сервиси со цел намалување на трошоците и големиот број на податоци во различен формат кои треба да се анализираат и интегрираат “, изјави Огненовски.

Република Македонија има голем ИТ потенцијал што придонесува за атрактивноста на земјата и пласирањето на поголем број на странски директни инвестиции од областа на ИТ секторот.

Слични написи

branimir

Јовановиќ: Со ребалансот пративме порака, ќе кратиме на „чоколадо“ а ќе трошиме за „леб“

„Министерот за задолжување“, Драган Тевдовски за 70 дена успеа да стопи цели 126 милиони евра …