недела , 22 октомври 2017
solidarnost

„Солидарност“: Власта тајно ги намали казните за мобинг

solidarnost
Деновиве, како по правило, тивко, надвор од очите на јавноста и со заобиколување на секаква постапка за консултација и јавна дебата, направено е уште едно кастрење на работничките права, алармира движењето за социјална правда „Солидарност“.

„Под изговор за божемно усогласување со прекршочни постапки, во законот за заштита од вознемирување на работно место, познат како закон против мобинг, предвидените високи казни за работодавачите беа намалени за да им биде уште посеедно дали психолошки ги малтретираат работниците во напливот на желбата за богатење“, стои во соопштението до јавноста.

Од „Солидарност“ потсетуваат и дека за време на кратката историја на овој закон донесен во мај 2013 година нема ниту една правосилна пресуда во која беше задоволена правдата во корист на жртвата.

„Законите сами по себе се извор, а само со донесени пресуди тие стануваат правда. Очигледен е напорот законите кои се носат дури и на ниво на потенцијална правда истата да ја релативизираат и да ги обесхрабруваат работниците воопшто да ја бараат. Оттука овие измени се директен атак на правата на работниците и мотивите заради кои се носат повторно се сведуваат на борба за политички поени врз грбот на работниците“, коментираат од „Солидарност“.

Членовите на движењето „Солидарност“ порачуваат и дека нема да престанат да ги разоткриваме нечесните постапки и омаловажување на работничката класа.
„Будно гледаме како политичарите, докопани до власт лагодно се сместени во капиталистичкиот крој и наместо застапување на интересите на незаштитените и обесправените повеќе им се додворуваат отколку да ги дисциплинираат разузданите и отчовечени работодавачи.
Не можете да ги кратите работничките права, не можете да ги експлоатирате работниците и да сметате на тоа дека работниците нема да дојдат по својата правда!“, стои во соопштението.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …