среда , 26 јули 2017
sonce

Сончево и топло со температура до 39 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Попладне ќе дува северозападен ветер, кој на север и долж Повардарието ќе засилува. Претежно во североисточните делови ќе има услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд и со грмежи. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Минималната температура ќе се движи од 14 до 20 Целзиусови степени, а максималната од 30 до 39 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време, сончево и потопло, со температура до 37 Целзиусови степени.

Од петок попладне, преку ноќта и в сабота времето ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и повремено со засилен ветер, претежно во источните и во јужните делови од земјава. В недела во претпладневните часови врнежите ќе завршат, а денот ќе биде најсвеж во периодов, со температура која на повеќето места нема да надмине 30 Целзиусови степени.

Слични написи

image-0-02-05-24287f281545733e143196a6dc667acc32ba038649d55d7ed1db03937039a43d-V

Едночасовен застој кај Удово, возилата пренасочени кон Јосифово

Околу еден час има застој на патот Удово-Марвинци. Големата колона на возила од Удово се …