среда , 18 октомври 2017
imigrantigrcka

Состанок на грчката Влада за зголемениот прилив имигранти

imigrantigrckaГрчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе претседава со владин состанок на кој ќе се разговара за начините за справување со зголемениот прилив на бегалци во земјата, јави дописникот на МИА од Атина.

Средбата ќе се одржи во канцеларијата на заменик-министерот за миграциска политика Тасиа Христодулопулу, а ќе присуствуваат и министерот за внатрешни работи Никос Вуцис, за надворешни работи Никос Коѕиас, државниот министер за координирање Алекос Фламбурарис, заменик-министерот за цивилна заштита Јанис Панусис, заменик-министерот за одбрана Димитрис Вицас и владиниот портпарол Олга Геровасили.

Ципрас вчера телефонски разговараше со европскиот комесар за миграција, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос, кој го повика грчкиот премиер веднаш да назначи орган кој ќе биде одговорен за собирање на финансиска помош од ЕУ за справување со имиграцијата.

Итните фондови на ЕУ се наменети за обезбедување на услуги за азил, за управување со миграциските текови и центри за засолнување, обезбедуваат цивилна заштита и многу повеќе, нагласил Аврамопулос.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …