вторник , 26 септември 2017
patista

Состојба на патиштата

avtopatkrivina-540x320
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни  коловози.

Продукциската куќа “CHIC FILMS” и  МАНУФАКТУРА ПРОДУКЦИЈА известуваат дека поради снимањето на францускиот филм “A Fond”, денеска обиколницата околу Скопје ќе биде затворена за сообраќај.

Поради обилни врнежи од дожд локалниот пат с. Ропаљце – с. Никуштак е во прекин.

Од АД Гранит известуваат дека поради изведување на градежни работи од 01.09.2015 до 30.11.2015 државниот пат А3, делница Битола – Макази, фаза 1-ва од клучката кај бензинската Лукоил до клучката за с. Ротино, е затворена за сообраќај, а сообраќајот е пренасочен по стариот пат Битола – Ресен. Пренасочувањето е обележано со соодветни сообраќајни знаци, согласно на Основниот сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.

Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Сообраќајот е целосно затворен до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.

На патниот правец А1 Градско – Прилеп од 26.09.2015 се изведуваат работи на пат (машинско гребење на асфалт) од 33 до 38 км. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а ќе се работи во наредните седум дена од 07:00 до 15:00 часот.

Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:

– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, и

– и од с. Лозово преку с. Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …