сабота , 21 октомври 2017
mienje-race-660x330c

Совети за непобедлив имунитет во ладните денови

Како да ги избегнете ударите од настинките и грипот, кога сите околу вас се болни?

За отпорен имунитет во текот на студените денови и месеци, важни се следниве 3 работи:

Дневно внесувајте по 6 порции овошје и зеленчук

Посебно оние кои се богати со витамин Ц, како на пример пиперка, брокула и цитрусни овошја. Секогаш добра опција е киселата зелка.  Сепак, треба внимателно да ги распоредите во текот на целиот ден за да не создадете залихи во организмот.

Редовно миење на раце и никако не ја допирајте устата

Со доаѓањето на ладните денови почесто сме во затворени простории, каде најлесно се размножуваат бактериите. Истите најлесно се пренесуваат пак, преку рацете. Избегнувајте допирање на устата, носот и очите. Ако можете, најсигурно е да бидете барем метар и половина оддалечени од болните луѓе.

Луѓето кои вежбаат се 50% поотпорни на болести

Затоа, вежбајте! Докажано е дека така го подобрувате имунитетот. Тренингот како брзо одење или возење на велосипед во времетраење од 30-40 минути се смета за најдобар начин да се заштитите од болестите и вирусите.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …