вторник , 26 септември 2017
katicajanevazahugo

Советот на јавни обвинители ќе гласа за тимот на Катица Јанева

katicajanevazahugo
Советот на јавни обвинители денеска треба да се изјасни за избор на тимот помошници што ги предложи специјалната обвинителка Катица Јанева.

Таа предложи 14 кандидати за нејзини помошници. На списокот се : Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи, Артан Ајро, Бајрам Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јакимовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Љубомир Лапе, Маре Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стефчо Дончев и Трајче Пеливанов. Јанева минатата недела ги достави документите кои ги побара Советот на јавни обвинители за да ги избере нејзините помошници.

„Станува збор за општиот работен, персонален и финансов план“, соопшти Канцеларијата на Јанева.

– Таа во дописот до Советот на јавни обвинители и до медимите изрази уверување дека „Советот ќе пристапи кон доследна примена на законските одредби и кон имплементација на доставените планови, а во смисла на член 9 став 2 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, ќе ги избере кандидатите кои Специјалниот јавен обвинител ги предложил од редот на постојните обвинители“.

Специјалната јавна обвинителка и тимот, според договорот од Пржино, ќе ги разгледуваат предметите кои ќе произлезат од и се поврзани со незаконското прислушување.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …