вторник , 26 септември 2017
janevaobviniteli-1-640x320

Советот уште еднаш одби да ги изгласа обвинителите на Јанева

janevaobviniteli-1-640x320Советот за јавни обвинители на денешната седница одби да го разгледа барањето на специјалната обвинителка, Катица Јанева, да се изгласаат останатите седум предложени кандидати за да се комплетира нејзиниот тим. За време на денешната седница, претседателот на Советот, Петар Аневски, излезе од салата да им соопшти на медиумите дека членовите донеле одлука барањето на Јанева да не биде точка на дневен ред.

Претходно Јанева испрати допис до Советот со кој бара изгласување на преостанатите кандидати, а до Советот ургираа и политичките партии преку Министерството за правда. Во прилог на писмото од Министерство, во кое се бара што поскоро да се закаже седница за оваа точка, беа и потписи на четирите политички партии учесници во преговорите.

Официјално седницата требаше да се одржи вчера изутрина, но беше одложена без објаснување. Наводно одложување побарал државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, кој е и член на Советот. Завчера Аневски рече дека барањето ќе биде ставено на дневен ред откако Јанева ќе испрати допис, но тоа ни денеска не се случи.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …