вторник , 26 септември 2017
srednoskolci19m-685x320

СП: Почнаа казните за ,,непослушните‘‘ ученици

srednoskolci19m-685x320
Од средношколскиот пленум известуваат дека во скопската гимназија ,,Никола Карев‘‘ почнаа со пишување на казни за оние ученици кои пропуштија некој час за да присуствуваат на маршот во средата. Имено, на класовите кои имале повеќе од 60% од учениците отсутни тој ден им се изречени писмени опомени од директор и неоправдани.

Потсетуваме, дека ние како ученици имаме уставно загарантирано право на мирен протест и слободно здружување. Ако господата директори не се упатени доволно, ова значи дека доколку присуствуваме на протест по некоја логика би требало да поминеме неказнети. Гневни сме  што возрасните не го почитуваат Уставот и законите, ги осудуваме овие чинови на казнување и заплашување и сметаме дека одредени луѓе и институции веќе го допреа дното.

Драги директори, можете да ги заклучите вратите, но не можете да ни ги заклучите устите, не можете да ги заклучите нашите критички мисли кон лошото образование. Изненадени сме што и покрај ставот на Народниот Правобранител кој беше јасен дека не треба да постојат опструкции за нашето протестирање, вие повторно го направивте своето. Немаме повеќе коментар за очајните обиди да не замолчите.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …