вторник , 26 септември 2017
spasov_prilep_g111

Спасов: Заокружено реновирањето на прилепскиот Центар за социјални работи

spasov_prilep_g111Заокружено е реновирањето на Центарот за социјални работи во Прилеп за подобрување на условите за работа на вработените и на граѓаните кои ги остваруваат своите права од социјалната заштита, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој денеска направи увид во работите за реновирање на прилепскиот Центар.

Министерот Спасов информира дека инвестицијата изнесувала околу 8 милиони денари за целосна адаптација и опремување на просторот кој по завршувањето на работите, рече, ќе биде значително енергетски ефикасен и ќе ги намали трошоците за одржување,

– Објектот е стар повеќе од 30 години. Пред неколку месеци почнавме реконструкција на објектот за подобрување на условите за работа на вработените во Центарот за социјални работи во Прилеп, но и за граѓаните кои имаат потреба за остварување на правата од социјалната заштита, изјави Спасов.

Ова е дел од проектот за реконструкција на Центрите за социјална работа во земјава, во чии рамки досега со целосно реновирање е завршено во седум Центри за социјална работа, а во постапка се уште четири центри. Набрзо, подвлече Спасов, очекуваме да започне третата фаза од реновирањето на 18 Центри за социјална работа преку ИПА програмата.

– Во првата и втората фаза обезбедивме средства од Светската банка во износ од 50 милиони денари, а за третата, последна, фаза се обезбедени 72 милиона денари од Европската унија. Со овој проект значително го подобруваме системот за социјална заштита во нашата држава и објелтите се ставаат во полна функција, објасни Спасов.

Во прилепско Беровски денеска министерот Спасов го посети објектот кој со реновирање и адаптирање треба да прерасне во детска градинка.

– Министерството за труд и социјална политика в година ќе инвестира во опремувањето на просторот. Исто така, државата во Прилеп ќе инвестира за нова детска градинка в година со капацитет за 250 деца, рече министерот Спасов при обиколката на Центарот за социјални работи во Прилеп

 

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …