петок , 22 септември 2017
spasovski mvr

Спасовски ги бетонира директорските позиции во БЈБ и УБК, ќе ги соопшти на Влада

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одлучил кои ќе бидат новите директори на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), но не ги кажува нивните имиња до седницата на влада на која треба да ги предложи.

Ова денеска го потврди Спасовски, на прес-конференцијата по повод потпишувањето договор за донација од повеќе од еден милион евра со амбасадорот на Чешка во Македонија, Мирослав Рамеш.

Прашан дали денеска ќе има нови директори на УБК и на БЈБ, Спасовски рече дека тоа ќе биде познато на седницата на влада.

Инаку, како што потврди и самиот, седница на владата е закажана за денеска, но не одговори конкретно дали ќе ги предложи новите директори уште денеска.

– Имам донесено одлука и ќе ја доставам на седница на влада кога ќе мислам дека треба да бидат избрани – рече Спасовски.

Пред именувањето на новите директори, владата треба да го разреши актуелниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, и на БЈБ, Митко Чавков.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …