вторник , 26 септември 2017
soopstenie oliver

Спасовски : Законот мора да се почитува, судските наредби мора да се спроведат и на СЈО да му се овозможи да ја заврши својата работa

Законот мора  да се почитува, судските наредби мора да се спроведат и на СЈО да му се овозможи да ја заврши својата работа, изјави попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој рече дека прес-конференцијата ја свикал да даде детални информации и да ја појасни ситуација за она што вчера и денеска се случува во Управата за безбедност и контраразузнавање, наспроти шпекулациите кои создаваат нервоза кај граѓаните.

Според него, вчера обвинители од СЈО дошле во МВР и побарале средба со директорот на УБК, но откако таа средба не била остварена тие имале средба со Спасовски на која ги образложиле судските налози врз основа на кои треба да постапат во УБК. По првиот неуспешен обид тимот на СЈО се сретнал со раководството на УБК и ги образложил сите законски основи врз основа на кои барале да ги добијат податоците. Како што информираше Спасовски, по првиот налог веќе се постапува, а за вториот се бараат технички можности за да се заврши работата.

Тој рече дека најголем куриозитет од прес-конференцијата на дополнителниот заменик министер Оливер Андонов било дека СЈО со барањето на податоци од УБК може да ја загрози националната безбедност и дека имале намера со Спасовски да направат пуч во МВР.

– Како може јас, кој раководам со МВР да правам планови за си направам пуч сам на себе – рече Спасовски.

Во врска со двајцата техничари кои имаат пристап до опремата, министерот рече дека тие информации ги има директорот на УБК.

– Тој ги има и податоците колку точно техничари имаат овластување да оперираат со системот. Сите податоци што ги бара СЈО може да бидат извлечени онлајн, а ПИ-мерките кои се во тек да продолжат да функционираат – рече Спасовски.

Околу информациите дека обвинители и истражители имале проблеми при влегувањето во кругот на МВР, Спасовски рече дека им е овозможен непречен пристап, но дека имало проблем со поединци во МВР кои барале од обвинителите да се легитимираат. Во врска со ова, веќе како што рече Спасовски била поведена постапка во секторот за внатрешна контрола.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …