вторник , 26 септември 2017
sjo

Специјалното јавно обвинителство најави дека денеска повторно ќе се врати во Управата за безбедност и контраразузнавање за да продолжи со својата работа

Специјалното јавно обвинителство најави дека денеска повторно ќе се врати во Управата за безбедност и контраразузнавање за да продолжи со својата работа. Вчеравечер еден од истражителите на СЈО кој остана да дежура покрај опремата за прислушување во УБК, беше избркан по што јавната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим се вратија во УБК да увидат што се случува. Портпаролката на СЈО Ленче Ристоска вчеравечер изјави дека се надева оти сето тоа е само недоразбирањекое денеска ќе биде надминато. Во меѓувреме на прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека со полициска асистенција ќе му пружи поддршка на СЈО и дека нема да дозволи никакви изнесувања на опремата или што било од кругот на МВР.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …