недела , 22 октомври 2017
Rabotnicki-Trabzonspor-9-615x400

СРАМ: Нема ТВ пренос за Македонија од мечот Работнички – Рубин Казан

Rabotnicki-Trabzonspor-9-615x400
Пошироката македонска спортска јавност нема да може да го следи вечерашниот натпревар меѓу Работнички и Рубин Казан преку директен ТВ пренос. Дефинитивно не е договорен ТВ пренос на некоја од македонските телевизии, така што сите заинтересирани љубители на фудбалот ќе мораат да дојдат на трибините на арената „Филип втори“ за да го проследат обидот на „романтичарите“ да се пласираат во групната фаза од Лигата на Европа.

„За жал, не е договорен ТВ пренос на некоја од македонските национални телевизии, иако имаше одредени преговори со голем дел од нив. Сепак, Работнички како клуб има договор со компанијата „Спортфајв“ за ТВ права, која е овластена за таков вид на преговори, и јас како претседател не можам самостојно да влијаам на евентуален договор. Нема ТВ пренос, меѓутоа сите љубители на фудбалот ги повикуваме вечерва на арената „Филип Втори“, да го проследат мечот меѓу Работнички и Рубин Казан во живо, бидејќи на фудбалерите на нашиот тим поддршката од трибините и тоа како ќе им биде потребна“, вели за ЕКИПА, претседателот на Работнички, Драган Поповски.

Телевизиски пренос ќе има за подрачјето на Русија, и тоа на националната телевизија „Русија 2“.

Влезниците за вечерашниот меч од плејо-колото од Лигата на Европа меѓу Работнички и Рубин Казан се продаваат по цена од 200 денари, а се уште има билети и за Северната и за Јужната трибина од арената „Филип Втори“.

Извор: ЕКИПА

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …