сабота , 23 септември 2017
uneskozgrada-540x320

Србија ги повика членките на УНЕСКО да го отфрлат барањето за прием на Косово

uneskozgrada-540x320На пленарната седница на Извршниот совет на УНЕСКО денеска би требало да се гласа за предлогот на Албанија и група држави за прием на Косово во оваа организација, но Србија ги повика членките на УНЕСКО да го отфрлат барањето.

Доколку предлогот биде усвоен, тогаш за приемот на Косово ќе одлучува Генералната конференција на УНЕСКО, каде одлуките се донесуваат со двотретинско мнозинство меѓу 195-те членки, од кои 111 ја признаа независноста на Косово, а 84 не ја признале.

Српскиот државен и црковен врв и претставници на САНУ, на вчера одржаниот систанок во зградата на Претседателството ги повикаа членките на УНЕСКО да го отфрлат барањето на Косово и на земјите кои го поддржуваат тоа барање.

Во заклучоците од состанокот е укажано дека српските цркви и манастири на Косово се наследство на Српската православна црква и на Република Србија и оти секое одземање на тоа наследство би значело „недвосмилесно загрозување на опстанокот на најважните религиски, културни и историски споменици на српскиот народ, но и на европското и светското културно наследство на Косово и Метохија, но и на српското население кое и натаму живее на тоа подрачје“.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …