вторник , 24 октомври 2017
25

Средба на албанските партии во Собранието, Беса повторно бојкотира

Албанските парламентарни политички партии денеска во 14 часот, на покана на Весел Мемеди од НДП, ќе одржат средба во Собранието, на која ќе присуствуваат и претставници на ДПА иако таа партија не е потписничка на декларацијата на албанските политички партии. Наспроти тоа, средбата повторно ќе ја бојкотира Движењето Беса.

„Во согласност со Декларацијата на албанските политички партии донесена на 7 јануари оваа година и обврските што произлегуваат за одржување на редовни состаноци на тркалезна маса на албанските парламентарни партии за заеднички да го набљудуваат текот на имплементацијата на декларацијата, имам чест да ве повикам на следниот состанок на претседателите на парламентарните албански партии, која ќе се одржи во просториите на Собранието на Република Македонија во 14 часот“, се вели во поканата на Мемеди.

Од Движењето Беса велат дека се отворени за комуникација со албанските партии, но дека бараат од Али Ахмети да објасни кои точки од декларацијата се вметнати во владината програма.

„Наместо покана, Али Ахмети мора прво да се одговори што се случи со декларацијата на албанските партии? Кои точки од тој документ беа вклучени во програмата на Владата? Значи, Али Ахмети, пред да нè кани преку своите „сателити“, мора прво да даде објаснување зошто дури и во пресрет на 100 дена од формирањето на оваа влада нема закон за албанскиот јазик“, велат од Беса.

На претходната средба, која се одржа на 28 јуни во хотелот „Александар палас“, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека повеќето барања на албанските политички партии се вклучени во владината програма.

– Ги споредивме програмите на албанските политички партии и констатиравме дека дел од тие програмски определби веќе се вклучени во програмата на новата влада. Останува вo иднина овие средби да продолжат да се одржуваат – изјави тогаш Ахмети.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …