среда , 28 јуни 2017
IMG_8622

Средба на министерот Спасовски со деканот на Факултетот за безбедност

Министерот Оливер Спасовски денеска се сретна со делегација на Факултетот за безбедност, предводена од деканот Никола Дујовски. На средбата беа договорени формите на соработка во наредниот период меѓу Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност.

IMG_8612

Министерот Спасовски рече дека од Факултетот за безбедност очекува квалитетни предлози што ќе помогнат во реформите, кои му се неопходни на Министерството за внатрешни работи, затоа што оваа институција мора да се департизира и декриминализира и да стане вистински сервис на граѓаните. За таа цел ќе бидат формирани работни групи со претставници од двете институции, кои со своите предлози ќе придонесат во процесот на реформирањето на МВР. Министерот Спасовски најави и дека во иднина ќе се посвети внимание на вработување на школувани кадри од Факултетот за безбедност, какви што му се неопходни на министерството.

Деканот Дујовски рече дека е многу значајно отварањето на Министерството за внатрешни работи и подготвеноста за соработка со кадрите од Факултетот за безбедност. Тој потенцира дека стручните кадри од Факултетот за безбедност со задоволство ќе помогнат со својата стручност во областите за кои од нив ќе биде побарана соработка од страна на МВР.

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …