среда , 28 јуни 2017
timthumb

Средба на министерот Спасовски со италијанскиот амбасадор Ромео

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Италија Карло Ромео.

На средбата, соопшти Министерството за внатрешни работи, амбасадорот Ромео му го честита изборот на министерот Спасовски и му посака успешна работа, а понуди и помош за реформите во Министерството за внатрешни работи. Воедно ја потенцирал важноста од добрата соработка на полициите од двете држави во областа на перењето пари, финансирање тероризам и трговијата со дрога, а особено за проблемот со мигрантите.

– Министерот Спасовски се заблагодари на честитките и досегашната соработка со Република Италија и изрази уверување дека таа соработка ќе биде уште посодржајна. Тој потенцира дека клучен приоритет е целосна реформа на полицијата, а во овој процес ќе биде добредојдена и помошта од пријателските земји. Според него, соработката со пријателските земји е многу важна и во справувањето со предизвиците како тероризмот, трговијата со дрога и особено проблемот со мигрантите, што може во секој момент да добие на интензитет, се вели во соопштението

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …