вторник , 27 јуни 2017
timthumb (1)

Средба на министерот Сугарески со амбасадорот Тимоние

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска се сретна со амбасадорот на Франција во Македонија, Кристиан Тимоние.

На средбата министерот Сугарески го информирал францускиот амбасадор за проектите што се реализираат во Македонија во делот на инфраструктурата а кои се подржани од Европската Унија, информира Министерството за транспорт и врски.

Сугарески изразил благодарност за заложбите од Франција за Република Македонија, уверувајќи дека соработката ќе продолжи и во иднина на повисоко ниво.

– Франција е наш долгогодишен економски партнер поддржувајќи голем број проекти во Република Македонија. Изразувам благодарност за таквиот пријателски однос и се надевам дека таквата соработка ќе продолжи и во следниот период, рекол министерот Сугарески.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …