недела , 22 октомври 2017
IMG_20170911_121917

Средба на министерот за транспорт Горан Сугарески и директорот на М-НАВ Николче Тасески

На средбата се разговараше за состојбите во авиосообраќајот во Република Македонија и улогата Македонската навигација за развој на оваа дејност.

Министерот Сугарески потенцираше дека развојот на авиосообраќајот во Република Македонија е еден од приоритетите на Владата на Република Македонија и токму во таа насока ќе се одвива соработката меѓу Министерството за транспорт и врски и М-НАВ.

Политиките што ги спроведуваме како ресорно министерство се движат во насока на развој на авиосообраќајот преку искористување на широкиот потенцијал што го има оваа дејност во Република Македонија. Директорот на М-НАВ ме информираше за состојбите и за проектите што се реализираат со опремување со нова технологија на Македонската навигација и очекуваме дека со нивната имплементација ќе доведеме до значително подобрување на ависообраќајот во земјава, рече министерот Сугарески.

Тие на средбата разговараа и за зголемување на потенцијалите на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид преку негово опремување со нова технологија од аспект на конторла и следење на сообраќајот.

На средбата и двајцата се согласија дека е потребна поголема комуникацијата меѓу двете институции за да се реализираат целите на Владата на Република Макеоднија а тоа е нудење на квалитетни услуги и раст и развој на авиосообраќајот.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …