четврток , 29 јуни 2017
zaev-reka_g

Средба на премиерот Заев со албанскиот амбасадор Река: Добрососедските односи и регионалниот развој отвораат перспективи за сите држави

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Фатос Река.

На средбата се разговараше за евро-атланската иднина на регионот и за добрососедските односи.

„Министрите во новата Влада на Македонија работат заеднички и мотивирано на евро-атлантските интеграции на Република Македонија и на обезбедувањето квалитетен живот за сите граѓани. Како Влада насочени сме силно кон изградба на демократска Република Македонија, едно општество за сите граѓани, со отворени перспективи кон стратешките цели на државата, Европската унија и НАТО“, рече премиерот Заев.

На средбата, претседателот на Владата, Заев соопшти дека Владата веќе работи на интензивна реформска агенда за областите важни за евро-атлантските интеграциски процеси, како што се правната држава и независни институции што работат исклучиво во граѓански интерес.

Премиерот Заев соопшти дека Владата е силно насочена и кон економски развој на државата, преку голема државна поддршка на домашните мали и средни претпријатија, како и овозможување услови за реални и квалитетни странски инвестиции. Целта е отворање нови работни места за граѓаните и покачување на платите во државата.

Амбасадорот Река, му врачи писмо на премиерот Заев од албанскиот премиер Еди Рама, во кое што тој му го честита изборот за претседател на Владата на Република Македонија. Амбасадор Река ја нагласи поддршката од Република Албанија за членство на Република Македонија во НАТО.

На состанокот, заеднички е констатирано дека добрососедските односи и регионалниот развој отвораат перспективи за сите држави и за граѓаните на сите земји.

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …