понеделник , 21 август 2017
DSC_6597

Средба на премиерот Заев со амбасадорот Иконен: Поддршка од Финска за демократската Влада во Македонија и евро-атлантските интеграции

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Перти Иконен, амбасадор на Финска за Македонија.

Финскиот амбасадор Иконен изрази честитки на премиерот Заев за стапувањето на должноста претседател на Владата на Република Македонија, како и за неговиот голем придонес во мирната разврска на политичката криза во Македонија и демократските промени што се во тек.

Изразена е поддршка на Планот 3-6-9 со којшто Владата се обврза на итните реформски приоритети, што ги отвораат евро-атлантските перспективи на земјава.

Владата е определена кон реформски политики што треба да го интензивираат процесот на евро-атлантски интеграции и да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните преку раст на економијата. Водиме инклузивни политики во реализацијата на овој процес. Ги вклучивме граѓанскиот сектор, експертската јавност, отворени сме и за мислењата од опозицијата. Исто така исчекоривме напред кон поголема соработка со соседите, затоа што сметаме дека добрососедската соработка може да му помогне на целиот регион да се придивижи напред“, рече премиерот Заев.

На средбата е констатирано дека интеграциите на Македонија во НАТО и во ЕУ ќе значат и поголема стабилност и сигурност и за нашата држава, но и за целиот Балкан.

Премиерот Заев и амбасадорот Иконен зборуваа и за можноста Македонија да примени фински образовни искуства, како едни од најквалитетните во Европа и светот. Исто така договорено е зголемување на соработката во областа на економијата.

Амбасадорот Иконен соопшти дека Финска го поддржува демократскиот развој на Македонија и интеграциите на државава во меѓународните организации.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …