недела , 24 септември 2017
zaev-4

Средба Заев – Бејли: Ќе обезбедиме сигурна иднина во праведна и унитарна Македонија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска оствари средба со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли. На средбата било констатирано дека демократските процеси е неопходно да продолжат со формирање на новата реформска Влада, којашто ќе обезбеди стабилност во државата и перспективи на Македонија кон НАТО и ЕУ, а со тоа и квалитетен живот за сите граѓани.

„Парламентарното мнозинство по изборот на новиот собраниски претседател, ги презема следните чекори согласно Деловникот, Уставот и законите во процесот за формирање на новата реформска Влада. Очекуваме Ѓорге Иванов да постапи согласно уставните задолженија и да го даде мандатот“, рекол Заев, цитиран од неговата партија.

Лидерот на СДСМ додал дека партијата е посветена да ги реализира сите преземени обврски кон граѓаните за економска стабилност и развој на Македонија.

„Новата Влада ќе ги спроведе потребните реформи и ќе обезбеди, за сите граѓани, без разлика на политичката, етничката или каква било друга припадност, сигурна иднина, во праведна и унитарна Република Македонија. Иднината на Македонија се НАТО и Европската унија и одлучни сме да работиме на вредностите што водат кон тие интеграции“, истакнал Заев.

На средбата било осудено насилството во Парламентот и било констатирано дека сите политички субјекти мора да бидат на ниво на одговорноста и да овозможат мирен трансфер на власта и заштита на граѓанските и државните интереси.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …