недела , 22 октомври 2017
DSC_8913

Средба Заев – Заниер: Политиките на градење мостови обезбедуваат перспективи на Македонија

Средба на премиерот Заев со високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Заниер: Политиките на градење мостови обезбедуваат перспективи на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерката за образование и наука, Рената Дескоска, денеска се сретна со Ламберто Заниер, високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства.

Забележлива е порелаксирана атмосфера меѓу граѓаните во Македонија, продолжете со политиките што обезбедуваат перспективи“ порача на премиерот Заев, комесарот на ОБСЕ, Заниер.

Високиот комесар на ОБСЕ оцени дека прашањето на интеграциите на Македонија е важно за стабилноста на државата и дека Македонија се движи во добра насока.

– Се определивме за концептот едно општество за сите, којшто се покажа успешен затоа што сите граѓани сакаат да живеат квалитетно, со своите семејства и блиските, во родната земја. Ние се грижиме за практичните потреби на сите граѓани, согласно Уставот и така ќе продолжиме да работиме, бидејќи знаеме дека секој човек е важен и само ваквите политики на посветеност кон граѓаните и изградба на мостови носат добра иднина и просперитет на државата, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, додаде дека Република Македонија е определена и кон продлабочување на пријателствата и соработката и во регионални рамки и оцени дека во регионот постои позитивна клима што може да обезбеди исчекор кон развој на сите држави и нивните граѓани.

– Да се посветиме конечно на економијата, затоа што граѓаните тоа го очекуваат од нас, рече премиерот Заев.

На средбата е констатирано дека локалните избори се важни за натамошниот демократски развој на Република Македонија.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …