недела , 22 октомври 2017
Sredba-Zernovski-Bogdanovic-685x320

Средба Жерновски – Богдановиќ: Ажурност, толерантност и нови поволности од ПОЦ

Sredba-Zernovski-Bogdanovic-685x320
Поголема ажурност и толерантност, прво опомена, потоа казна, однесување кое одговара на вработен во јавно претпријатие на општина Центар, ова го договорија градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и директорот на ЈП „Паркинзи на општина Центар“, Саша Богдановиќ.

До средбата дојде по забелешки од граѓаните кои на Жерновски му биле пренесени на редовните средби со нив.

„Паркинзи на општина Центар“, посочи Богдановиќ, работи и ќе работи исклучиво во служба и за интересите на граѓаните. Најави дека во наредниот период ќе се спроведе истражување за степенот на користење и задоволство од услугите кои што ги нуди претпријатието, ќе се зголеми бројот на средби со граѓаните за да се слушнат нивните мислења и предлози и ќе се разгледаат нови начини за уредување на резидентните паркиралишта.

ЈП „ПОЦ“, во интерес на жителите, ќе направи и дополнителни напори за воведување нови поволности за корисниците на јавните паркиралишта, како и зголемување на бројот на паркинг места.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …