вторник , 26 септември 2017
srednoskolciProtesti1-640x320

Средношколски пленум: Директорите почнаа со притисоци врз учениците

srednoskolciProtesti1-640x320
Средношколскиот пленум денеска преку соопштение ја информира јавноста дека директорите на училиштата започнале со притисоци врз учениците со цел да го минираат закажаниот протест на средношколци за утре.

“Ние како ученици уште на почетокот на денов почнавме да трпиме силни притисоци од страна на нашите директори. Под тоа ги подразбираме заканите од нив во врска со нашето присуство на утрешниот средношколски марш. Цитираме “нема да биде како минатата година, оваа навистина ќе ве запишуваме”. Тука спаѓаат и бројни закани за педагошки мерки, намалени оценки, намалени поведенија и се така по ред кое веќе стана вообичаено за господата директори.

Ги потсетуваме директорите кои очигледно не го читаат Уставот на РМ кој вели: “Секој граѓанин има право на протест”, дека ние како граѓани, ученици и засегната страна во образовниот систем имаме право, но имаме и обврска да се бориме против експериментите на министерот. Ги прашуваме директорите, дали Вам Ви се допаѓа кога на Вашите колеги им ја намалувате платата заради бесцелно тестирање базирано на 30 кликови? Ги прашуваме и дали е добро за репутацијата на училиштата кога оние ученици кои целата година ја поминуваат во труд, активност, и знаење на крајот да добиваат пониски оценки само заради нефункционалноста на компјутерскиот систем?

Одговорите од директорите веројатно ги добиваме кога ги добиваме и заканите. Тие се согласни продолжената рака на министерот и заменик министерот, бескрупулозно и непедагошки спречувајќи не да викнеме гласно СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ ! “, се вели во соопштението од Средношколскиот пленум.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …